Posts

Маркови Кули

Image
                             Маркови Кули   Маркови Кули е наоѓалиште во централниот дел на Македонија, во непосредна близина на градот Прилеп. На 10 април 2006 година, наоѓалиштетоо е прогласено за Споменик на природата. Составен е од бројни денудациони форми коишто претставуваат извонредна скулптура на релјефот. Оваа феноменална појава на богатство на облици, се должи, пред се, на геолошкиот состав на теренот u(кој е изграден од метаморфни карпи-гнајсеви кои се пробиени од помладите гранити-гранодиорити), климата, релјефот и растителната покривка. Според современите геохронолошки испитувања, гранитите интрудирале пред околу 300 милиони години во постарите гнајсеви, чија старост е проценета на околу 700 милиони години.                                          Просторот на Маркови Кули, во целина, го сочинуваат поголем број импозантни грамади поврзани во две паралелни низи со правец на протегање север-северозапад, југ-југоисток, чија надморска висина постепено се зголемува

Саат кула

Image
                                 Саат кула   Саат кулата во Прилеп претставува споменик на културата. Градена е во периодот                  1825/1826 година.                                                                                         Подигната од Саид-ага , висока околу 40 м, заедно со столбовите и конусот на врвот достига до 55 м. Реновирана во 1836/37 и 1896/97 година, а во меѓувреме бил поставен часовник во 1858 година.                   Градители на денешната Саат кула се мајсторите Христо Тасламиче, Петре Луцо и неговата тајфа, кои новата кула ја подигнале на местото на старата (дрвена) која изгорела во пожар 1854 година. Била градена на шестаголна основа со масивни камени блокови со вкупна височина од 38,76 метри, а заедно со столбовите и конусот достигнува 55 метри.

Меморијален музеј ,,11 Октомври"

Image
             Меморијален музеј  ,,11 Октомври"    Меморијален музеј „11 Октомври 1941“ — музеј во центарот на Прилеп, на улица „Илинденска“ б.б. Зградата во која е сместен музејот е изградена на почетокот на XX век.                                      Во 1948 година во рамките на Народно-ослободителниот одбор на општина Прилеп е формирана првата музејска збирка на документи, фотографии и уметнички слики од прилепски автори со тематика од НОБ. Истата била сместена во Анот на фамилијата Ачкоски, во непосредна близина на градскиот пазар. Во старата зграда на участокот продолжува да функционира Музејот на НОБ, кој во следниот период претрпува повеќе измени во својата содржина, за да конечно прерасне во Меморијален музеј “11 Октомври 1941 година”.         За време на фашистичката окупација (1941-1944 година) овој објект бил претворен во бугарски полициски Участок во кој била сместена окупаторската полиција. На 11 октомври 1941 година борците од Прилепскиот партизански од