Меморијален музеј ,,11 Октомври"

             Меморијален музеј  ,,11 Октомври" 


 Меморијален музеј „11 Октомври 1941“ — музеј во центарот на Прилеп, на улица „Илинденска“ б.б. Зградата во која е сместен музејот е изградена на почетокот на XX век. 

                                Меморијален музеј „11 Октомври“ — Википедија

 

 

Во 1948 година во рамките на Народно-ослободителниот одбор на општина Прилеп е формирана првата музејска збирка на документи, фотографии и уметнички слики од прилепски автори со тематика од НОБ. Истата била сместена во Анот на фамилијата Ачкоски, во непосредна близина на градскиот пазар.

Во старата зграда на участокот продолжува да функционира Музејот на НОБ, кој во следниот период претрпува повеќе измени во својата содржина, за да конечно прерасне во Меморијален музеј “11 Октомври 1941 година”. 

 

ВИДЕО – Визуализација по повод 11 Октомври на Участакот во Прилеп – ИНФО  КОМПАС 

 

 За време на фашистичката окупација (1941-1944 година) овој објект бил претворен во бугарски полициски Участок во кој била сместена окупаторската полиција. На 11 октомври 1941 година борците од Прилепскиот партизански одред извршиле вооружен напад врз Участокот и врз други објекти во градот, со што започнало вооруженото востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор. На 1 мај 1952 година во оваа зграда за првпат е отворен Музеј на НОВ во Прилеп, а по повод 20 години од НОВ на 11 октомври 1961 година отворена е Постојана музејска поставка. Во 1971 година по повод 30 години од НОВ музејската поставка е проширена и збогатена со нови фотографии, откако во објектот е извршена адаптација. По десетина години започна реновирање на зградата, со што беа овозможени услови за презентација на новата музејска поставка која беше отворена на 10 октомври 1983 година. За споменик на културата Меморијалниот музеј “11 Октомври 1941” е прогласен во 2003 година. Музејската поставка која се состои од фотографии, документи, карти, скици, предмети и партизанска опрема.

 

 Реконструкција на „Участак“

 

 

 

На почетокот од своето формирање музејот се наоѓа во поранешниот бугарски полициски участок(станица),за да по краток период со изградбата на новата општинска зграда музејот ги добие просториите на старата општинска зграда на улица Моша Пијаде,т.е. зградата каде и денес е сместен.

Во старата зграда на участакот продолжува да функционира Музејот на НОВ,кој во следниот период претрпува повеќе измени во својата содржина за да конечно прерасне во Мморијален музеј “11 Октомври 1941 година“.

 

 

Comments