Маркови Кули
Маркови Кули Маркови Кули е наоѓалиште во централниот дел на Македонија, во непосредна близина на градот Прилеп. На 10 април 2006 година, наоѓалиштетоо е прогласено за Споменик на природата. Составен е од бројни денудациони форми коишто претставуваат извонредна скулптура на релјефот. Оваа феноменална појава на богатство на облици, се должи, пред се, на геолошкиот состав на теренот u(кој е изграден од метаморфни карпи-гнајсеви кои се пробиени од помладите гранити-гранодиорити), климата, релјефот и растителната покривка. Според современите геохронолошки испитувања, гранитите интрудирале пред околу 300 милиони години во постарите гнајсеви, чија старост е проценета на околу 700 милиони години. Просторот на Мар...